Балкански Регионален Форум

Балканскиот Регионален Форум беше 3 дневен онлајн настан кој се оддржа од 20ти август до 3ти септември 2020 година. На овој регионален форум, во една виртуелна средина се здружија индивидуалци, организации, иницијативи и инсититуции ширум Балканот за да ја отвориме дискусијата за Балкански Зелен и Праведен План за закрепнување, како и да започнеме разговори и планирање на Балкански Зелен Договор. 

Young Friends of the Earth Macedonia, во соработка со SmartUp Social Innovation Lab и мрежата на организации SeeNet го организираа овој Форум кој целеше на собирање на мнозинство од млади, различни групи, заедници, невладини организации и маргинализирани групи од земјата и Балканот. Преку овој Форум, се обдовме да вклучиме што е можно повеќе различни преспективи и да претставиме што е можно повеќе гледишта, за да создадеме една инклузивна средина во која секој ќе придонесе кон развој на неопходно важен документ како што е Балканскиот Зелен Договор создаден од луѓето.

Процесот на создавање на овие два, исклучително важни документи во справување со климатската криза, но меѓудругото и социјалните и општествени кризи кои ги живееме во овој момент, е преку визионирање на иднината во која сакаме да живееме. Сметаме дека ова е клучно во чекорите кон градење на инклузивни документи како што се Балканскиот Зелен Договор и Балкански Зелен и Праведен План за закрепнување. Овие работни документи вклучуваат социјално праведна и зелена иднина, создадена од учесниците кои допринесоа со свои верзии на интерсекционални, локални, национални и регионални решенија кои се во прилог на сите. 

Процесот на креирање на овие документи се’ уште е во тек. Доколку сакате да ја споделите Вашата визија во создавањето на овој документ – притиснете тука. 

Форумот допринесе кон создавање на колективна платформа каде различни групи на луѓе; донесувачи на одлуки, студенти, новинари, активисти, професори, академци и индивидуалци дискутираа и допринесоа кон заедничка и праведна иднина. На Форумот беа регистрирани над 180 учесници од сите Балкански земји и пошироко: Црна Гора, Албанија, Бугарија, Северна Македонија, Косово, Хрватска, Босна и Хецеговина, Романија, Полска и Словенија и во просек 45 учесници го посетија секој настан. 

*Настанот е организиран од Young Friends of the Earth Macedonia, колкетив кој сега делува под името Kolektiv Z, а е поддржан од СмартАп – Лабораторијата за социјални иновации, и финансиран од Ерасмус плус програмата.
        

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *