Учество на настанот “Балкански Регионален Состанок”

На покана од Мрежата за соработка и развој CDN* (Cooperation and Development Network) учествувавме на Балкансиот Регионален Состанок на 7ми октомври за разговори на тема справување на Климатската криза на Балкансиот регион. 

На овој онјалн настан разговаравме за Климатската криза на Балканот и охрабрување на Балканските организации за справување со борбата за климатска правда во иднина. Активисти претставници од различни активистички групи за климатска правда од Албанија, Северна Македонија и Србија беа поканети со учесниците на Балканскиот Регионален Состанок да дискутираат на најомилени и најмалку омилени климатски акции, проблемите со кои се соочува балканскиот регион при справување со климатската криза и начини како заеднички да градиме движење во овој регион. 

Претставник од Young Friends of the Earth Macedonia беше Марија Попризова, која сподели искуства од организирање климатски акции во изминатите две години на инцијатаивата, и како највпечатлива ја одвои акцијата за солидарност за време на Мини тренингот за засегнати заедници против имплементација на рудникот Штука – Иловица близу Струмица. 

Во поглед на следните чекори и градење на капацитет на балканските организации, но и решавање на моменталните проблеми со кои се соочува регионот, нашата иницијатива предлага оформување и зајакнување на мрежата – Балканска коалиција за Зелен Договор – која ја отпочнавме ова лето, со цел поставување на темели за праведна транзиција на регионот предизвикана од повеќето постоечки кризи но и создавање на колективен Балкански зелен договор создаден од граѓаните. 

*CDN е мрежа за градење на капацитет на младински зелени организации во Источна Европа

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *