Интерсекционалноста и решавањето на климатската криза

Во последно време актуелно е да се зборува и во јавноста и помеѓу граѓанските организации за темите поврзани со климатските пормени, минимизација на отпадот, загадувањето, учење за климатксите промени во образованието, важноста за решавањето на климатските промени, формирањето на коалиции за клима, организирање на разлини конференции за клима итн. Но, дали навистина знаеме што се’ се случува околу нас? Имајќи на ум дека на глобално ниво помеѓу движењата за климатска и социјална правда веќе е констатирано дека терминот ‘климатски пормени’ е многу “благ” за моменталната ситуација, и наместо се користи ‘климатска криза’, во нашата земја има многубројни заедници кои се замолчени и оставени а ги чувствуваат последиците од климатската криза на своја кожа секојдневно. 
За полесно да се објасни ова, ви го претставуваме пристапот на Интерсекционалност, кој исто така објаснува дека климатската криза е чадор од многубројни други социјални, економски, политички кризи кои се испреплетени меѓусебе и придонесуваат до нееднаква и неправедна дистрибуција на моќ. А, со ова се отвара пат кон нарушување на екосистемите на природата, луѓето и сите други живи сусштества. 

Што е тоа Интерсекционалност?

интерсекционалност
Илустрација: Тoolkit_for_intersectional_movement_building

Интерсекционалноста е пристап и теорија која се обидувa да ги одговори основите на прашањето за климатската криза од поинаква перспектива. Нешто како копање подлабоко за да се искоренат сите причини што на крајот не доведува до еден холистички пристап кон справување со систематските нееднаквости што се вградени во сите синџири на секое системско функционирање што додаваат на чадорот на сите кризи – климатската криза! 

Или пак, интерсекционалноста е метод за градење на подобро општество и систеска трансформација.

Како и да е, и двата одговори се точни и ни го отвараат патот до изнаоѓање на поправедни решаванија за моменталните испреплетени кризи кои секојдневно се случуваат.

Во Манифестото за еднаквост и интеркулутрализам интерсекционалноста е објасната како „НАУКА ЗА ПРЕКЛОПУВАЊЕ ИЛИ ПРЕСЕКУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНИ ИДЕНТИТЕТИ И ПОВРЗАНИ СИСТЕМИ НА ОПРЕСИЈА, ДОМИНАЦИЈА ИЛИ ДИСКРИМИНАЦИЈА. ”

Интерсекционалноста е концепт дефиниран од страна на афроамериканската феминистичка писателка Кимберли Креншо, со цел да објасни како различните форми на моќ и опресија постојат на повеќе нивоа, често и истовремено. Интерсекционалните студии проучуваат различни категории (биолошки, социјални или културни) – како што се род, раса, класа, способност, возраст – кои мора да се земат предвид при обидот да се разбере како функционираат системските неправди.

Работата на Креншо не може да се одвои од нејзината сопствена социјална позиција. Како црна жена во САД, таа искусила системско насилство на крстопатот помеѓу расата и полот. Од таа причина искуството на црните жени е поинакво од тоа на црните мажи, како и од искуството на белите жени.

Интерсекционалноста е важен аспект заради две причини. Прво, ни помага да анализираме како системското угнетување влијае на различни групи, низ што можеме подобро да ги разбереме неговите механизми. Второ, интерсекционалноста може да ни помогне да увидиме колку (не) се различни борбите за правда, колку се меѓусебно поврзани и колку е потребна солидарност помеѓу движењата. Градење на интерсекционално движење значи разбирање на климатската криза и другите еколошки битки и нивната блиска врска со другите општествени борби, оние против расизмот, сексизмот, неолиберализмот и неоколонијализмот.

Илустрација: Тoolkit_for_intersectional_movement_building

Што е интерсекционална солидарност?

Испреплетените кризи секогаш повеќе ги погодуваат веќе засегнатите и/или маргинализирани заедници, кои се секогаш во првите борбени линии за поголема општествена и економска правда. Овде доаѓа интерсекционалната солидарност која укажува на важноста за градење на свет каде секој од нас е слободен од стегите на патријахатот и капитализмот. Ова може да се постигне само со заедничко залгање и колективно дејствување на база на солидарност и грижа за другиот. Решавањето на климатската криза, значи транформирање на моментланиот систем сите заедно, никој да не е изоставен дури и оние заедници кои биле досега заборавени и замолчувани од моменталниот систем.
Интерсекционалната солидарноста се состои од непрекинувачки процес на создавање врски и коалиции преку разликите на различните социјалните групи и заедници и преку заедничка организираност за праведна распределба на моќта. Интерсекционалната солидарност значи праведна пракса на препознавање на маргинализираните заедници и групи на луѓе и истотака  може да ја подобри способноста на нашите заедници да ја одржат солидарноста преку групните разлики и нивниот трансформативен потенцијал. 
Идејата за интерсекционална солидарност сугерира дека луѓето можат да дејствуваат со интерсекционална свест – признавање на угнетувањата кои се креирани со децении од повеќекратни и инпсреплетени социјални структури. 

Илустрација: Тoolkit_for_intersectional_movement_building
intersectionality
Илустрација: Софија Гетова
  • Ако сакате да се вклучите во акции поврзани со интерсекционална солидарност, Kolektiv Z имаат отворен повик за мали финансиска поддршка за активности за покажување на  интерсекционална солидарност. Повикот и апликацијата може да се најде на овој линк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *