Повик за акции за интерсекционална солидарност

Отворен повик за сите засегнати заедници или пак организации/здрженија/иницијативи кои директно работат и дејствуваат со засегнати заедници, млади од засегнати и маргинализирани заедници и пошироко за имплементација на активности за интерсекционална солидарност.

Линк до апликација. 

Kolektiv Z – здружението за социјална и климатска правда објавува повик за имплементација на активности за интерсекционална солидарност. Целта на овој повик е преку мобилизирање на граѓаните и граѓанските иницијативи околу конкретни принципи и идеи за солидарност, да пружи директна поддршка на засегнати луѓе и заедници кои имаат најголема потреба од помош и солидарност во момент на социо-економска, еколошка и здравствена криза.

Со овој повик предвидена е мала финансискa поддршка за активност(и) кои се однесуваат на олеснување на состојбите во кои се наоѓаат засегнатите заедници и се на било кој начин негативно погодени од пандемијата и од погоре споменатите испреплетени кризи.
Пр. активности може да бидат: подготвување и дистрибуирање на здрава локална храна/облека и други продукти неопходни за хигиена; обезбедување психолошка поддршка или друго за ЛГБТКИ+ заедницата; обезбедување на поддршка за почитување на сексуално здравје, репродуктивни права и/или права за сексуални работнички; обезбедување поддршка за едукативна правда за млади Роми; градење на градинарски кутии и обезбедување обука и семиња; обезбедување помош за припремање на резиме (за млади или возрасни) за наоѓање работа во одредени сектори; работа со земјоделци и поддршка на нивниот процес и секојдневна работа; работилница за локални заедници на кои ќе се креира нешто што е од корист за заедниците и друго.

Кој може да аплицира?

Повикот е отворен за сите засегнати заедници или пак организации/здрженија/иницијативи кои директно работат и дејствуваат со засегнати заедници, млади од засегнати и маргинализирани заедници и пошироко.
Повикот е наменет за активности на цела територија на државата, и охрабруваме различни засегнати зедници или организации/здруженија/иницијативи да аплицираат; индивидуално или во соработка со други иницијативи/организации. 

*Особено охрабруваме апликации како соработки помеѓу две или повеќе иницијативи/организации. *

Зошто да аплицираш на овој повик за интерсекционална солидарност?

Испреплетените кризи секогаш повеќе ги погодуваат веќе засегнатите и/или маргинализирани заедници, кои се секогаш во првите борбени линии за поголема општествена и економска правда. Ние веруваме и се бориме за свет каде секој од нас е ослободен од стегите на патријахатот и капитализмот, и знаеме дека тоа може да го постигнеме само преку заедничко, колективно дејствување на база на солидарност и грижа за другиот. 

*За повеќе околу интерсекционалноста како пристап и метод и интерсекционалната солидарност може да се прочита на овој линк

Активности кои треба да бидат покриени со апликациите за интерсекционална солидарност

Од особена важност на овој повик е ставањето на гласовите на засегнатите заедници во центарот на заедничкото дејствување и градење на националниот Зелен договор, преку истовремено:
1) Обезбедување на потребна директна помош, и
2) Зaпочнувањето дискусии и прибирањето визии од засегнатите заедници преку платформата Зелен глас: https://www.zelenglas.mk/spodeli-vizija/

Елементот на *колективно визионирање* со засегнатата заедница за која ќе биде обезбедена директна поддршка е од особена важност и мора да биде дел од секоја предложена активност.
Погоре се дадени само неколку примери за активности за директна помош, но Ве охрабруваме да бидете иновативни и секако на прво место во Вашите предлози да ги ставате потребите на заедницата за која би обезбедиле директна помош и со која би граделе визии!

Временска рамка за реализација на активноста/те: Предложената активност мора да биде планирана и реализирана во периодот од *почетокот на мај до крајот на јуни*, без ограничување на колку денови ќе трае.

Информации за како да се аплицира и краен рок на аплицирање

  • За да предложите активност за интерсекционална солидарност, Ве молиме пополнете го овој краток формулар и доколку има потреба од тоа, испратете ги следниве документи на [email protected] како прилог на Вашата апликација:
    – Предлог буџет (до 25.000 МКД)
    – Наратив за активност (не подолг од 1 страна)
    – Пример од спроведени активности
    – Портфолио на вашата организација/иницијатива итн.

  • Временска рамка за реализација на активноста/те: Предложената активност мора да биде планирана и реализирана во периодот од *почетокот на мај до крајот на јуни*, без ограничување на колку денови ќе трае.

  • Рокот за аплицирање го продолжуваме до: среда, 05.05.2021

    За сите дополнителни прашања во врска со овој повик, слободно контактирајте не’ на [email protected]

Овој повик е поддржан од пан-европскиот проект SYSTEM:RESET од мрежата на Young Friends of the Earth Europe кој цели преку процесот на колективно визионирање да создаде предлог за национален, Балкански и Европски Зелен договор. Проектот е ко-финансиран од Европската Унија 🇪🇺.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *