Курс за климатска дипломатија

Од 17-19 декември се одржа онлајн Курсот за климатска дипломатија организиран од страна на организацијата Go Green – Биди Зелен, на кој учествуваа 20 млади амбасадори за климатски промени.

Симона од тимот на Колектив Зет и Коалиција на иднината беше дел од курсот за климатска дипломатија организиран од Go Green – Биди Зелен, презентирајќи за важноста за климатска правда и процесот на визионирање на Коалиција на иднината за креирање на националниот Зелен договор кој ќе биде претставен на преговорите СОР26 во Глазгов, Обединетото Кралство.
На овој курс учествуваа 20 #младиамбасадоризаклиматскипромени за запознавање со процесот на преговори помеѓу државите на конференција за климатски промени на ООН со Парискиот договор и следните #COP26 кои се важен дел од борбата за климатска правда и решавање на климатска криза!
Повеќе инфо на овде.

*Настанот е организиран од Young Friends of the Earth Macedonia, колкетив кој сега делува под името Kolektiv Z, а е поддржан од СмартАп – Лабораторијата за социјални иновации, и финансиран од Ерасмус плус програмата.
        

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *