Мегафон 2020

Колективно визионирање на интернационалната конференција Мегафон 2020.

МЕГАФОН е меѓународен настан кој обезбедува простор за колаборативни дискусии и меќусебно учење за креирање нови идеи и начини на работа помеѓу активисти, активистички групи и невладини организации од Централна и Источна Европа, Централна Азија и Кавказ, кои се борат во ерата на поларизацијата, дезинформациите и распознавање на алгоритмите на социјалните медиуми. 
Факт е дека активистите и невладините организации се соочуваат со глобално враќање назад. Технологијата го забрзува тој процес и треба подобро да разбереме како се’ се случува. Но, технологијата исто така може и да нè поврзе и да го засили нашиот говор на активистите. Како реакција на нападите, ние мора да ги раскажуваме нашите приказни и да ги зајакнуваме нашите наративи. Треба да ги вклучиме сите луѓе во нашите цели и да ја користиме технологијата како мегафон за делување.

Сите сме свесни за она што се случува околу нас – меѓусебно поврзани климатски, социјални, еколошки и здравствени кризи од невиден размер. Но, дали навистина ја разбираме ситуацијата, сè што се случува? Сесисијата која се случи на првиот дел од Мегафон настанот пробува да го одговори ова прашање од интерсекционална перспектива.

 

На линкот со видеото можете да ја слушнете сесијата “Климатската криза- што се’ се случуваше додека ние не гледавме” презентирана од Софија која е дел од тимот на Колектив Зет и Коалиција на иднината. Сесијата се обидувa да ги постави основите на  прашањето за климатската криза од поинаква перспектива. Нешто како копање подлабоко за да се искоренат сите причини што на крајот ќе не доведат до еден холистички пристап кон справување со систематските нееднаквости што се вградени во сите синџири на секое системско функционирање што додаваат на чадорот на сите кризи – климатската криза ! Сесијата ќе заврши со вежба која ги комбинира двата метода за градење на подобро општество и систеска трансформација – интерсекционалност и  колективно визирање.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *