Потпишан меморандум за соработка со Министерство за животна средина и просторно планирање

На 25 декември потпишавме Меморандум за соработка со Министерство за животна средина и просторно планирање. Официјалниот пост можете да го видете овде.

Потпишавме Меморандум за соработка со
Министерство за животна средина и просторно планирање со цел креирање на зелени политики, преку градење на национален Зелен договор и преку оваа платформа Зелен глас, земајќи ги предвид гласот и визиите на граѓаните.
Се надеваме дека оваа соработка со Министерството, како главен носител на политиките во однос на климатската криза, ќе овозможи моќно влијание на граѓаните, од сите различни групи и заедници низ државата, во креирањето на климатските политики за благосостојбата на луѓето и на природата. 

Меморандумот за соработка содржи различни полиња за соработка од заеднички интерес, преку искористување на професионалните, научно-стручни и материјално-технички капацитети на двете страни, во правец на креирање на зелени политики, а земајќи ги предвид гласот и визиите на граѓаните.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *