„Колективно дејствување за системска трансформација“ – градење на колективна визија за иднината

Првиот собир за создавање на платформа за градење на заедничка иднина на национално ниво се одржа во саботата, на 1ви февруари 2020. Работевме на планови и начини на работа со кои ги креиравме зачетоците на Зелен Договор (Green Deal) за праведна системска трансформација. Групите/сферите во кои делуваме и работиме се најразлични и вклучуваат активисти, индивидуи, организации со различни позадини, екпертизи и познавања од секаков вид. Од управување со општествените ресурси до суверенитет во земјоделството и дистрибуција на храна, од обновување на енергетскиот систем до образование и активизам преку уметност, нашата платформа има за цел да ја изгради визијата за вистински праведната и инклузивна иднина, како и патоказот до неа.

*Настанот е организиран од Young Friends of the Earth Macedonia, колкетив кој сега делува под името Kolektiv Z, а е поддржан од СмартАп – Лабораторијата за социјални иновации, и финансиран од Ерасмус плус програмата и EYF  Европската Младинска Фондација.
    

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *