Коалиција на иднината, собир 2.0

На 30ти ноември, заедно со Коалиција на иднината го одржавме вториот собир каде што заеднички планиравме и се организиравме за како да продолжиме да ја градиме системската транзиција преку национален Зелен договор во нашата држава.
Коалицијата на иднината ја креиравме на нашиот прв собир кој се одржа на почетокот на оваа година, со цел заеднички да градиме праведна и зелена системска транзиција, неопходно потребна во момент на испреплетени климатска, општествено-еколошка и здравствена криза.

Овие кризи претставуваа уште еден повод за да дејствувме радикално и заеднички да изградиме обединет фронт кој секојдневно ќе работи за поубаво и поодржливо утре во нашата земја!
Вториот собир на Коалиција на иднината ни даде повод повторно да се собереме на едно (онлајн) место, да разговараме за да ги продлабочиме принципите и да продолжиме со создавањето на националниот Зелен Договор.
Собирот го започнавме со презентирање на досегашните случувања на Колицијата на иднината и нејзините цели. Разговараме и за резултатите од претходно одржаните настани презентирајќи ги двата документи креирани на Балканскиот регионален форум, Балканскиот Зелен договор и Балканскиот План за зелено и праведно закрпенување со простор за дискусија, придонес и вклучување.
Главниот фокус на овој втор собир е колективното визионирање за 2030 година со креирање на стратегии за различните сектори кои би го опфатиле моменталниот систем на нашата држава, а со тоа да го надополнуваме и изградиме националниот Зелен договор.

На собирот ја презентиравме и дигиталната алатка Зелен глас која ќе помогне во процесот на собирање визии и вклучување на сите луѓе од нашата држава во креирањето на националниот Зелен договор. Меѓу другото, почнавме да ги организираме и начините на заедничко  и стратешко планирање на системската трансформација.

Инспирирани и мотивирани сакаме да се заблагодариме на сите што учествуваа и се вклучија во различните работни групи кои ќе придонесат во креирање на праведни и зелени политики од луѓето за луѓето, нивните заедници и животната средина. 
Следете не’ овој период, следуваат многу важни и интересни новости! Промената не е само возможна, туку и очајно потребна!

*Настанот е организиран од Young Friends of the Earth Macedonia, колкетив кој сега делува под името Kolektiv Z, а е поддржан од СмартАп – Лабораторијата за социјални иновации, и финансиран од Ерасмус плус програмата и EYF  Европската Младинска Фондација.
       www.coe.int/documents/436993/13231447/visualID-...

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *