Коалицијата на Иднината се роди со цел заедничка координација и дискусии околу потребите за праведно закрепнување од моменталната пандемија и креирање на оддржлив систем кој ќе ги поткрепи сите кризи кои следуваат, а се испреплетени меѓусебно. Овде спаѓа и креирањето на Национален Зелен Договор, кој вклучува собирање и изложување на праведни и одржливи решенија околу реконструирање на ресурсите и враќање на вредноста на заедницата. Целта на оваа Коалиција е да биде платформа за градење на колективна визија за иднината која ја сакаме за себе и идните генерации (во државата и регионот) и креирање на широка меѓусекторска група на луѓе, организации, активисти, движења, експерти, уметници, едукатори, заедници, индивидуи кои заеднички ќе создадат и имплементираат чекори кои ќе се стремат кон стигнување до таа иднина. Коалицијата на Иднината е отворена  за сите кои сакаат колективно да работат, веќе работат, или се дел од група која работи на подобрување на животите на луѓето во било која сфера на постоење!  Приклучете се и вие , затоа што 

за вистинска системска промена, потребни се

Ако сакате да станете дел од Коалиција на иднината и се согласувате со нашите принципи на работа, контактирајте не на [email protected] 

Коалиција на иднината, собир 1.0

Повеќе за иницијативата

Зошто Системска трансформација!?

Потребни се смели и транформативни акции што одговараат на обемот на кризите и системските проблемисо кои моментално се справуваме. Треба да разбереме дека единствениот начин на кој ќе се случи промената и подобра иднина за сите е кога ние, луѓето ќе се здружиме.

Ние мора да изградиме колективна визија која ги вклучува сите луѓе, заедно со гласовите на заедниците кои се најмногу погодени и ги чувствуваат секојдневно системските неправди, особено во време на криза. А како може да се изградат праведни и одржливи општества со транформативен систем, ако не со вклучување на сите луѓе од општеството и создавање на соработки и сојузи, движења што ги решааваат проблемите од корен. Ова може да се достигне со негување на моќта на луѓето и осознавањето дека само тие можат и знаат најдобро да одлучуваат за своите заедници и и како ќе се развива општеството и регионот каде што живеат.

Ние веруваме и знаеме дека праведен свет на заеднички соништа и јавно изобилство на здрава планета е можен и за кој вреди да се бориме.

Како?

Со заедничко организирање и визионирање. Со вклучување на секој еден во одлучувањето за своите заедници и во креирањето на своето општество. 

Преку уптореба на методи на популарна едукација, методи и техники од неформалното образование, како и интерактивни активности, оваа платформа ги спојува различните групи на луѓе и млади за заеднички да ја визионираме иднината. Нашите заедници и нашето општество ќе бидат изградени со холистична перспектива и поддржани од заедничко организирање за достоинствен живот за сите, чиста и здрава животна средина, и социјална, економска и политичка правда.

Организации, иницијативи, граѓански движења и заедници кои се дел од Коалиција на иднината