Што е Зелен договор?
Зелен договор е сеопфатен прогресивен план за борба против климатската катастрофа при отстранување на општествено-економските нееднаквости во државата. Планот е стратешка рамка за колективно дејствување кон трансформирање на функционирањето на економскиот и енергетскиот систем преку креирање на илјадници ниско-јаглеродни работни места за квалитетен и достоинствен живот за сите живи суштества во хармонија со природата.
Национален Зелен договор
Балкански Зелен договор
Зошто се важни националниот и Балканскиот Зелен договор?
За да се справиме со климатската катастрофа, да градиме отпорност кон постоечки и идни кризи, и да го трансформираме моменталниот неправеден и угнетувачки социо-економски систем, потребна е смела визија за тоа како го замислуваме посакуваниот социјално праведен и еколошки-одржлив систем.
Визијата за овој систем мора да биде изготвена преку:
- создавање и одржување на сојузништва,
- колективно визионирање, и
- колективно стратешко дејствување врз база на таа визија
од страна на поединци, групи и заедници кои се спротивставуваат на активности штетни за луѓето и природата, пружат колективен отпор кон угнетувачки акции и политики, и заеднички креираат смели трансформативни стратегии за дејствување кон подобрување на животите на нашите заедници на локално, национално, регионално и меѓународно ниво.
Ова е моментот да ги обединиме нашите борби и да ги зајакнеме нашите гласови како социјални движења, групи, иницијативи, синдикати, организации, креатори на политики, научници, академици, згрижувачи, просветни работници, активисти и граѓани. Ова е моментот стратешки да работиме заедно кон заедничка визија, во секоја област на влијание што би можеле да ја имаме, и да го трансформираме сегашниот неправеден систем во систем што се заснова на љубов, солидарност и длабока грижа, и просперира во ослободувањето на народите и прославувањето на нашите различности, во хармонија со природата.
Што е националниот Зелен договор?
Националниот Зелен договор е план креиран на база на долгорочна колективна визија за општествено-праведно и еколошко и климатски-одржливо општество во 2030-та година, со конкретни краткорочни чекори за започнување на преуредувањето на моменталниот политичко-економски систем.
Краткорочните чекори може да бидат во форма на предлози за градење и менување на политики за постигнување на климатска, социјална, економска и енергетска правда, како и локални иницијативи за подобрување на животите на засегнати групи и заедници, истовремено зачувувајќи ја природата и локалните екосистеми.
Националниот Зелен договор е потребен за:
1.
Трансформирање на сегашноста преку градење заедничка визија за праведна и одржлива иднина во која сакаме да живееме ние и индните генерации.
2.
Оранизирање кон постигнување на таа визија со подобрување на животите на нашите заедници.
Приклучи се во визионирање!
Коалицијата на Иднината преку процес на колективно визионирање ги собира визиите на граѓаните од целата држава за нивното идеално место на живеење и делување. Визиите ќе бидат вклучени во националниот Зелен Договор.
Кои се контурите на националниот Зелен Договор?
Како можам да придонесам во креирањето на Зелениот Договор?
Вашиот придонес кон креирањето на националниот Зелен договор можете да го направите преку споделување на вашата визија за општеството во кое што сакате да живеете во однос на една или на сите погоре споменати контури.
Како можам/е да бидам/ме активно вклучен/а/и во работата и организирањето на конкретна работна група?
Постојат работни групи за секоја од контурите на националниот Зелен договор. Кон истите можете да се приклучите со оставање на вашиот емаил / контактирање преку формата подолу
Балканска Коалиција за Зелен Договор
Балканската коалиција за Зелен договор беше формирана на Балканскиот регионален форум, 3-дневниот онлајн настан и отворена платформа за организации, поединци, иницијативи и институции од балканските земји каде заеднички беа креирани Балканскиот План за зелено и праведно закрепнување и Балканскиот Зелен договор.
Кон истата можете да станете потписник преку испраќање на емаил со името на вашата група / иницијатива / организација до: [email protected], и да ја следите и придонесете кон работата на Коалицијата со приклучување на оваа Фејсбук група.
Што е Балканскиот Зелен договор?
Балканскиот Зелен договор е документ кој се состои од колективно креирани визии за 2030-та година, за социјално праведна и еколошки здрава иднина за регионот со конкретни чекори што треба да се преземат за таа иднина да стане реалност. Ова вклучува конкретни, смели препораки за политики засновани врз принципи на социо-еколошка правда и рамноправност за сите, креирани од страна на прогресивни грасрут иницијативи и организации кои дејствуваат ширум Балканските земји.
Балкански План за зелено и праведно закрепнување
Балканскиот План за зелено и праведно закрепнување е патоказ за тоа како да се постигне колективната визија од Балканскиот Зелениот договор за 2030-та година со праведно надминување на ковид-19 пандемијата и останатите поврзани социо-економски и општествени.