Добредојдовте на дигиталната партиципативна платформа

Вклучи се во оваа трансформација и процес каде што твојот ГЛАС значи и креира праведен систем во нашата држава!
Со оваа партиципативна платформа, заедно го креираме националниот Зелен договор, преку иницијативата на Коалицијата на иднината која делува на различните сектории и начини за вклучување и споделување на вашиот ЗЕЛЕН ГЛАС преку процес на визионирање!
Дознај повеќе за проектот позади Зелен Глас
SYSTEM:RESET проектот е креиран, планиран и организиран од Европската мрежа на млади, Young Friends of the Earth Europe, со цел да се креираат платформи низ цела Европа за вмрежување на млади луѓе од недоволно застапени заедници и нивно заедничко планирање и вклучување во донесувањето на одлуките на повеќе нивоа. Преку овој проект, со колективно визионирање и организирање, гласот на сите младите ќе се засили во националните и Европските процеси на онесување на одлуки.
НАШИТЕ ПРИНЦИПИ НА ФУНКЦИОНИРАЊЕ

Интерсекционалност
Интерцекционалниот пристап овозможува разбирање на повеќеслојните нивоа и поврзани системи на социјални идентитети, форми на опресија и дискриминација.

Манифест за еднаквост и интеркултурализам
Tрансформативна промена за праведна иднина е овозможена само со инклузивност, солидарност, одговорност за нашите акции.

План за зелено и праведно закрепнување
Време е за смела колективна акција за иднина по КОВИД пандемијата врз темелите на принципите на граѓаните. Ова е нашиот Балкански План.

Феминистички принципи
За справување со основните причини на криза, плановите мора да бидат базирани врз феминистички принципи и да ги пробиваат историските опресии.
Приклучи се во
визионирање!
Коалицијата на Иднината преку процес на колективно визионирање ги собира визиите на граѓаните од целата држава за нивното идеално место на живеење и делување.
Визиите ќе бидат вклучени во националниот Зелен Договор.
Овој процес на собирање на визии ќе трае до јули 2021-ва година и крајните креирани политики врз база на визиите ќе бидат доставени до сите релевантни национални владини и невладини институции, одлучувачки тела и Парламентот. Националниот Зелен договор ќе биде исто така дел од Европскиот Зелен договор кој ќе се достави до Европската комисија и европратениците и ЕУ телата кои работат на Зелената Агенда за Западен Балкан, а ќе бидат претставени и на климатските преговори следната година во Велика Британија.
Приклучи се со твојот ЗЕЛЕН ГЛАС!
Визиите на граѓаните за 2030 година:
Активности

Писмо за Стратегија за климатска акција од Коалицијата на иднината
Врз база на објавеното известување од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање за ставање на јавен увид и спроведување јавна расправа по

Повик за акции за интерсекционална солидарност
Отворен повик за сите засегнати заедници или пак организации/здрженија/иницијативи кои директно работат и дејствуваат со засегнати заедници, млади од засегнати и маргинализирани заедници и пошироко

Интерсекционалноста и решавањето на климатската криза
Во последно време актуелно е да се зборува и во јавноста и помеѓу граѓанските организации за темите поврзани со климатските пормени, минимизација на отпадот, загадувањето,